КАМИОНИ ОД ДОНАЦИЈА, ЌЕ ГИ НАБАВУВА НА ТЕНДЕР: Градоначалникот на Ново Село распишал тендер за камиони кои ги добил од донација!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Камиони за собирање на смет кои општина Ново Село ги добила како донација, се најдоа во системот за јавни набавки по цена од 10.000 евра, обвинуваат локалните струмички портали, отворајќи сомнеж дека градоначалникот најверојатно е вмешан во криминална активност

 

„Општина Ново Село со помош на нашинци од Борисово и Ново Коњарево, вработени во Швајцарија, набави две специјални возила за собирање на смет. Им благодарам на нашите сограѓани кои помогнаа. Така се сака родниот крај.„ – напиша Градоначалникот на Општина Ново село Боро Стојчев.

И се ова би било во ред доколку за истите возила сега Општина Ново Село има распишано ОГЛАС ЗА БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ , договор за јавна набавка каде двете специјални возила кој се наменети за собирање на смет наместо донација сега истите се проценуват на сума од 1 017 000 денари плус ДДВ.

Инаку за информација на јавноста камионите се набавени пред Нова Година т.е на крајот во 2017 год. каде едниот е сервисиран и веќе два месеци го собира сметот во Општина Ново Село а другото возило се шпекулира дека е сеуште во неисправна состојба.

А истите специјални возила кој веќе два месеци го собираат сметот допрва ќе минуваат на јавна набавка?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This