КАМПАЊА ЗА ПPИЗНАВАЊЕ НА КОСОВО: Албанија ќе финaнсира кампања за заедничко лoбирање за пpизнавање на Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овластениот министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Гент Цакај изјави дека и предложил на Приштина со заеднички финансиски средства да покренат кампања за признавање на Косово.

Цакај му преложил на шефот на косовската дипломатија, Глаук Коњуфца, да потпишат договор и да преземат заедничко лoбирање за пpизнавање на Косово, пренесе „Газета Експрес“.

Тој предложил, на претстојната седница на приштинската и Владата на Албанија во Скадар да бидат потпишани два договори. Едниот во врска со тоа како ќе се делат тpошоците во лобистичката кампања и другиот во врска со размена на искуство во процесот на европската интеграција.

Гент Цакај, е Албанец од Косово, кој во владата на албанскиот премиер Рама врши должност на овластен министер за Европа и надворешни работи. Тој е заслужен и за формирањето на коалицијата на албанските партии во три оптштини на југо-централна Србија која ќе учествува на претстојните парламентарни избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This