Кандидатот за градоначалник на Берово, Горанчо Костевски претстави дел од програмата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за градоначалник на Берово, Горанчо Костевски од партијата „Родина Македонија“ претставувајќи дел од програмата пред Беровчани, вели дека во истата се предвидени реални проекти, кои му недостасуваат на градот и граѓаните кои што живеат во Малешевијата.
– Мојата кампања е поразлична од сите, бидејќи не сакам да манипулира со граѓаните и да трошам народни пари за скапи кампањи како што го прават другите партии. Секојдневно со видео снимки ги предочувам пропустите кои што се направени од сите досегашни градоначалници на Берово, истакна Костевски.
Претставувањето на вистинскиот Македонизам како што додава е неговата светла страна, додавајќи дека повеќе години се бори за достоинството на секој Македонец, како во Берово така и во државата.
– Доколку бидам избран за градски татко на Берово, ќе работам на донесување закон за употреба на сонцето со 16 краци и нема да дозволам двојазичност на општинско ниво. Она што исто така е важно е тоа што во мојата програма се предвидени проекти од областа на патната инфраструктурата, изградба на базен и пешачка патека до Беровско езеро, додека значајно место во мојата програма зазема развојот на планинскиот и селски туризам во Берово, додаде Костевски.
На претстојните избори кои ќе се одржат на 17 октомври, кандидатот за градоначалник на Берово од редовите на партијата „Родина Македонија“ Горанчо Костевски ќе настапи под бројот 17

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This