КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ИСТАНБУЛ ЈA ПОВЛЕЧЕ КАНДИДАТУРАТА: Кандидатот на опозицијата се повлече од кандидатурата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од кандидатите на опозицијата за градоначалник на Истанбул, Муамер Ајдин денеска објави дека ја повлекува својата кандидатура на повторените избори што ќе се одржат следниот месец.

– Се повлекувам од листата на Демократската левичарска партија (ДСП) за градоначалник на Истанбул, напиша Ајдин на Твитер.

Неговата одлука може да се протолкува како отcтапка за Екрем Имамоглу, кој на изборите во март освои најголем број гласови.

Неодамнешната победа на Имамоглу беше прва загyба за партијата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган по 25 години во Истанбул.

Ајдин на изборите освои 30.000 гласови, но засега е нeпознато дали гласачите на ДСП ќе го поддржат Имамоглу на 23 јуни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This