Професорката Тања Каракамишева од својот официјален Твитер профил повторно со жестока критика за власта и како што вели коруптивниот крш кој што се случува во системот. Таа посочува дека во Македонија речиси една година нема Комисија за спречување на корупцијата, а како резултат на тоа држава тоне во корупција. Каракамишева забележува дека и покрај големата низа на коруптивни скандали на власта ни влакно не и фали, а доколку ова се случување во било која друга европска држава, власта ќе имаше огромни проблеми.
-Речиси една год. во МКД НЕМА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА! Замислете каков коруптивен крш се случува во системот. На власта влакно не и фали! Ова да е реалност во која било европска држава власта ќе беше качена на кусо магаре. Кај нас се е можно! ЕУ до 2023, сонувајте, пишува Каракамишева.