Карапетров: Решавање на пpoблемот со сообраќајниот xaoc и реконструкција на водоводната мрежа, Тетово заслужува да тргне напред

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Моето вечерашно обраќање ќе го започнам со една мисла на големиот Мартин Лутер Кинг која гласи: „Секогаш е вистинско време за превземање на правилниот чекор„. И да,токму сега е време за превземање на вистинскиот чекор,чекор за подобро утре за тебе, за мене, за сите нас,за сите тетовчани“, истакна Ангел Карапетров, носител на советничката листа на општина Тетово.

Карапетров додаде дека ОДГОВОРНОСТ, ЧЕСТ и ДОСТОИНСТВО претставуваат основни принципи на кои се темели начинот на работа, начинот на делување и начинот на живот.

– Изминативе четири години во Тетово ништо не се направи, сите ветувања беа лажни.Се зголемија проблемите со урбаниот хаос, загадувањето, неинвестирањето на локалната власт во подобрување на инфраструктурата, образованието, културата, спортот. Почитувани, Тетово стана град депонија, појасни Карапетров.

Карапетров додаде дека составија програма со многу проекти, кои ги засегаат тетовчани. Тоа се проекти со кои ќе се изнајдат решенија за секојдневните проблеми со кои се соочуваат сите граѓани во Тетово.

– И доста се поделби по било каков основ, затоа што: ако нема вода, нема вода за сите, ако е блокиран сообраќајот, блокиран е за сите, затоа што досегашната локална власт не изнајде соодветно решение за хаосот на улиците, ако се давиме во смет тоа го чувствуваме сите, затоа што локална власт не направи ништо за да го реши овој проблем. Но, да не набројувам понатака, затоа што пред нас имаме четири години за издигнување од ова ДНО во кое сите се наоѓаме, рече Карапетров.

Карапетров посочи неколку проекти на граѓаните кои се дел од програмата, а тоа се:
– Реконструкција на постојаната водоводна мрежа, изградба на резервоар за вода и нови бушотини, со што ќе се реши горливиот проблем со водоснабдувањето во градот, како и во населените места Сараќино и Фалише.
– Решавање на проблемот со ѓубрето во кое со години е преплавен нашиот град, преку проект за собирање и депонирање на отпад.
– Подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух на подрачјето на општина Тетово, преку план за квалитетот на воздухот.
– Решавање на проблемот со сообраќајниот хаос во градот и вклучувајќи го и проблемот со паркинг просторот.
– Поддршка на малите локални бизниси и занаетчии.
– Комплетна реконструкција на повеќе улици во градот.
– Реконструкција и изградба на канализациона мрежа.
– Изградба и обновување на забавни детски паркови, игралишта и зелени паркови на повеќе локации во градот.
– Реконструкција во делот на образование, преку проектот „Еднакви можности за образование за сите“.
– Промоција и поддршка на локалниот туризам.
– Подобрување на условите за спортување на младите и подобрување на спортската инфраструктура.
– Подобрување на социјалната и здравствената заштита на сите луѓе.

– Ние, ќе му се посветиме на Тетово до нашиот последен атом сила, но и ќе побараме од вас наши сограѓани да бидете нашите поддржувачи, да не критикувате, да не потткинувате, да не мотивирате, истакна Карапетров.

Карапетров порача дека Тетово заслужува да тргне напред. Со поддршката од граѓаните и со заедничка работа и соработка, може да се реализираат проектите. Време е Тетово да е еднакво за сите луѓе. Новата иднина, носи промени и проекти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This