КАРПОШ ЌЕ ЈА ПОДДРЖИ ИНИЦИЈАТИВАТА НА МТСП: Општина Карпош ја прифаќа иницијативата за двосменско работење на градинките, но…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ја поддржуваме Вашата иницијатива за втора смена во Јавните установи општински детски градинки и Ве известуваме дека на следната седница на Советот на Општина Карпош предложена е точка на дневен ред – Предлог Одлука за утврдување распоред на работното време во Јавните установи општински детски градинки во Општина Карпош. – стои во известувањето на општина Карпош до Министерството за труд и социјална политика, но се додава…

 

Интегрален текст од соопштението:

Не ни е јасно како замислувате да работи втора смена до 21:30 часот, затоа што секој што работи во смени, работното време му завршува или во 22:00 или во 23:00 часот, што значи дека објектите заедно со персоналот мора да функционираат до полноќ.

Во моментов сите наши објекти имаат недостаток на негователки, воспитувачи и помошен персонал. Да се одвои дел од персоналот и да се прераспредели во втора смена и секоја прва сабота во месецот, ќе биде на штета на децата кои  се веќе згрижени.

Децата што ќе одат во втора смена не се сите од иста старосна возраст. Има деца од 0-18 месеци – 1 јасли,  деца од 18-24 месеци – 2 јасли, возрасна група од 2-3 години, возрасна група од 3-4 години, возрасна група од 4-5 и возрасна група од 5-6 години. Сите групи имаат различни воспитно – образовни програми, што значи дека еден воспитувач не може да ја реализира воспитно – образовната работа истовремено на деца од различни возрасни групи.

Затоа:

За да функционира Вашата замисла, потребен ни е дополнителен персонал, како и дополнителни средства за продолжено греење и електрична енергија.

Од овие причини по обавениот разговор со раководствата на Јавните установи општински детски градинки, со вкупно десет објекти, со жалење можеме да Ве информираме дека не сме во можност од 1 септември да отпочнеме со работа во две смени.

Одговорноста за нефункционирањето на оваа идеја е на Министерство за труд и социјална политика, зошто Одлуката  сте ја донеле на 10.07.2017 година, а истата е примена во Опшина Карпош на ден 29.08.2017 година, што значи дека сте имале доволно време да обезбедите согласност за нови вработувања и нови средства за дополнителни трошоци.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This