Касами: Арабати Баба Теќе ќе биде туристичка и културна атракција за странски и домашни посетители

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преседателот на Движењето Беса, истовремено и кандидат за градоначалник на Тетово на локалните избори 2021 година, Билал Касами, денеска ја посети градската населба Теќе.
Тој пред граѓаните од оваа населба вети дека за време на неговиот мандат, покрај другите заложби и прашања што ја засегаат оваа општина, ќе се посвети и на културно-уметничкиот живот во градот.
– Во соработка со релевантни институции и странски донатори, теќето Арабати Баба ќе се ревитализира. Целта е да се збогати градот со културни и уметнички вредности. Арабати Баба Теќе ќе стане туристичка и културна атракција за странски и домашни посетители и ќе ја зголеми економската благосостојба на граѓаните од овој крај. Ова ќе биде реалност само со Движењето Беса, истакна Билал Касами.
Кандидатот за градоначник Касами рече и дека зачувувањето на културно-историското надледство ќе биде меѓу приоритерите во неговото работење

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This