Касами од тетовска Речица: Земјоделците ќе имаат сигурен откуп на компирите од фабрика за производство на чипс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Движење Беса и кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касами говореше на партискиот митинг кој вечерва се одржа за граѓаните од приградските населби Мала и Голема Речица. Тој на жителите на овие места и вети дека во Речица ќе се гради нов производствен капацитет.
-Пред неколку дена во Тетово не посетија неколку инвеститори. Тие изразија подготвеност веднаш да започнат инвестиција во Тетово. Тоа е фабрика за преработка на зеленчук, поточно преработка на компири, односно производство на помфрит и чипс. Новиот инвеститор ќе отвори 60 нови работни места. Заедно се согласивме дека Речица е најидеалното место за оваа инвестиција. Но, најдобриот дел од целата оваа работа е што тие ќе склучат договор со земјоделците да купат компири пред време. Од оваа година земјоделците на Речица ќе ги одгледуваат своите производи кои ќе имаат однапред договорна продажба. Во наредните денови ќе го претставиме конкретниот проект пред вас, рече Касами.
Тој потенцираше дека економскиот развој во една општина во голема мера зависи од развојот на некои конкретни сектори.
–Меѓу нив, многу важен сектор е земјоделството затоа ќе создадеме подобри услови за земјоделците. Општината ќе биде достапна за овој сектор, за да ги стимулира земјоделците да ја унапредат својата активност, не само во производството, туку и во однос на преработката на земјоделските производи и создавање услови да бидат конкурентни на домашниот и странскиот пазар, рече Касами.
Кандидатот за градоначалник рече дека очекува многу идеи и заеднички проекти од соработката со граѓанскиот сектор.
–Ја поздравувам и нивната организација да излезе на избори со листа на советници со име „Подобро за Тетово“. Загриженоста што ја покренуваат е и наша грижа. Во моментот кога ќе бидам избран за градоначалник на Тетово, ќе предложам на листата „Подобро за Тетово“ да го изберат нивен претставник кој ќе биде заменик градоначалник на Тетово. Сите што го сакаат Тетово треба да бидат заедно, рече Касами

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This