April 30, 2024, 11:50 pm

Касами успеа да влезе во седиштето на БЕСА во Мавровка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Билал Касами со поголема придружба на свои приврзаници денеска успеал да влезе во седиштетото на партијата БЕСА во Скопје лоцирано во трговскиот центар Мавровка.

Тој вчера поднесе и кривична пријава во полициска станица затоа што не му било дозволено да влезе во просториите каде било ангажирано приватно обезбедување од страна на скопскиот огранок на БЕСА.

Претходно токму скопскиот огранок на БЕСА на посебен состанок донесе одлука да го разреши Касами од лидерското столче на партијата и го постави пратеникот Каремани за привремен претседател се до одржување на Конгресот во февруари.

Се очекува одговор на скопскиот огранок кој ќе побара полициска интервенција.

Дел од членството бара Касами да ја прифати одговорноста за поразот на локалните избори на кои и тој директно загуби во трката за градоначалник на Тетово. Исто така оставка од позицијата потпретседател си поднесе Зекирија Ибраими кој ја загуби трката за градоначалник на Чаир.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This