Касами: Ќе го направиме Тетово европски град, следејќи ги европските примери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на Беса, Биљал Касами, кој влезе во трката за градоначалник на Тетово на претстојните локални избори, во интервју за порталот Локално.мк вели дека негова намера е да го направи градот европски, решавајќи ги бројните проблеми преку примери за тоа како се решавале во европските градови.

Касами вели дека Тетово заслужува многу, но градот „не само што е оставено во милост на судбината, туку е оставен во раце на неспособни луѓе кои уништија све што можеа“.

„Само излезете еден обичен ден било каде во Тетово или во другите населени места кои што спаѓаат во оваа општина. Не треба да сте специjалист за да пронајдете стотици проблеми од секоја сфера. Како јас и мојот тим ќе го направиме Тетово европски град? Многу просто, решавајки ги проблемите со докажани практики од европски градови. Мојот тим, подолго време се обидува да пронаоѓа конкретни примери како ги решавале европските градови проблемите слични на нашите. Има само еден и единствен проблем. Многу европски градови имале еден или два проблеми, дали тоа се депониите, дивоградбите, сообраќајот во градот, осветлувањето, кучињата, парковите и зеленилото…, и др. Во Тетово ги има сите тие проблеми на куп. Ние сме ги детектирале, и имаме конкретни решенија – решенија што содржат и проекти, начин на реализација но и начин на финансирање. Доволно е излажан овој народ, нема да дозволам уште еднаш тоа да се случи“, вели Касами.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This