Кастриот Реџепи бил следен од УБК за верски фундаментализам и радикализам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кој е Кастриот Реџепи?

Кастриот Реџепи е родум од преспанско Наколец, а својата кариера ја започнува како локален политички активист, а потоа и како верски протагонист со крајно десничарски убедувања.

Реџепи својата кариера ја продолжува во приватниот сектор како директор во приватната компанија „Диар Трејд“, а потоа и како конзуларен асистент во Амбасадата на Холандија.

По ова станува и потпретседател на политичката партија БЕСА.

Исламски фундаментализам.

Кастриот Реџепи бил предмет на оперативна обрабокта на УБК до нејзиното трансформирање во АНБ за верски радикализам, а бил и деклариран селефија.

Тој, заедно со неговиот пријател Џемаил Јакупи ја формираат новорегистрираната Исламска Селефистичка Заедница, каде Јакупи е и претседател.

Под оперативна обработка на УБК за верски радикализам и фундаментализам Реџепи бил повеќе од една декада.

Предавство на бесата

Кастриот Реџепи иако потпишан на иницијативата за изгласување на недоверба на владата, заедно со 60 други пратеници денес не се појави во Собранието.

Толкувањата за неговата состојба се движеа од киднапиран, исчезнат до поткупен. Реџепи со свој ФБ статус се огласи околу 12.00 часот напладне декларирајќи дека тој работел во корист на Албанците и граѓаните, во насока на Евроинтеграциите и духот на Северноатлантската алијанса.

Реџепи имаше и свое видео-обраќање, на снимка која изгледаше налик на оние на Ал Каеда каде читаше соопштение во кое повторно декларираше дека работел во корист на Евроинтеграциите.

Ако ја прифатиме тезата дека е Кастриот Реџепи бил киднапиран, тогаш се поставува прашањето кој го киднапирал и дали уцената е токму неговата поврзаност со структури на верскиот радикализам во државава?

Оттука се отвара и прашањето, дали НАТО и ЕУ бараат и сакаат соработка со лица кои биле под оперативна обработка за исламски фундаментализам?

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This