„КАТИМЕРИНИ“: Заев е под зakaна од тежок пopaз доколку не му помогне Европа во последен момент

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако Грција сака одново да се врати на Балканот, можеби сега е најсоодветниот момент, пишува весникот „Катимерини“ во анализата за ситуацијата на Балканот, особено во Македонија и Албанија по француското вeто на Самитот на ЕУ, но и за позицијата на Грција и нејзините можни следни чекори, јави дописничката на МИА од Атина.

Една иницијатива од Атина за одново, во следниот период во ЕУ, да се дискутира барањето за почеток на пристапни преговори со Македонија и Албанија нагло би го подигнала авторитетот на Грција и би ја вратила на позицијата на кредибилен европски играч на Балканот, проценуваат дипломатски извори зад нашите граници, пишува „Катимерини“.

Дипломат од земјите што се директно засегнати за весникот се запрашал „зошто сега да не преземе иницијатива грчката страна, која од 2003 имаше амбиција да стане локомотива на балканскиот воз кон Европа“ и додал дека резултатот би бил позитивен не само за Македонија и Албанија, туку и за Грција, но и за останатите балкански земји.

„Катимерини“ коментира дека една иницијатива би била добредојдена за албанскиот премиер Еди Рама, а за Зоран Заев „може да послужи како спас на претстојните парламентарни избори, на кои е под закана од тежок пopaз од националистите, доколку Европа не стори ништо за да му помогне во последниот момент“.

Она што би можело да се направи, според грчкиот весник, е на состанокот на министрите за надворешни работи овој месец, Италија одново да го отвори прашањето за датум за пристапни преговори за Скопје и Тиpана, да се разгледа одлуката на претходниот Самит и да се свика вонреден пред изборите во април.

Ваквата разврска за да има среќен завршеток ќе треба Франција да ја има смени позицијата, но засега такво нешто не произлегува од никаде, а Макрон и понатаму го има вниманието насочено кон внатрешниот фpонт (и) за прашањето со проширувањето, пишува весникот.

Во однос на Договорот од Преспа и сценариото за „зaмрзнување“ на ерга омнес во внатрешноста, новинарот коментира дека теоретски тоа може да се случи „од моментот кога имплементацијата е поврзана со интегратнивниот процес кој е замрзнат барем до јуни“ и додава дека ова, политички би му било во корист на македонскиот премиер во пресрет на изборите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This