Катимерини: Тeнзиите меѓу Софија и Скопје pизиk за југоисточното крило на НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Водечкиот грчки весник „Катимерини“ преку коментарот на познавачот на Балканот, Ставрос Ѕимас, укажува на штетното влијание на тензиите меѓу Македонија и Бугарија врз југоисточното крило на НАТО, веќе разнишано со натегањата меѓу Грција и Турција.

„Упорноста на Бугарија да ги блокира пристапните преговори на Македонија со Европската унија ризикува создавање нова пукнатина во југоисточното крило на НАТО. Две од земјите-членки – Грција и Турција – веќе се длабоко поделени, а сега уште две се чини дека итаат кон судир за два века старата контроверзија врз етничка основа. И Бугарија, и Северна Македонија, се клучни регионални членки на Алијансата. Бугарија поради нејзината улога на надзорник над Црно Море и јужна Русија, а Северна Македонија како тампон против понатамошна руска експанзија во срцето на Балканот. И двете многу силно го чувствуваат и влијанието на американско-рускиот конфликт за влијание“, пишува во коментарот.

„НАТО, меѓутоа, се чини дека не го допира ривалството Софија – Скопје, сметајќи го за европско прашање што треба да биде решено од земјите-членки на ЕУ. Бугарските приговори за придружувањето на Северна Македонија во ЕУ не произлегуваат од критериумите за членство, како што се потребата од зацврстување на демократијата и борба со корупцијата. Наместо тоа, тие се потхрануваат од историски тези што поттикнуваат национализам на двете страни и во даден момент наскоро ќе имаат влијание врз НАТО, освен ако тие разлики не бидат надминати“, оценува Ѕимас.

„Антибугарската треска се зголемува во Македонија, со благослов на политичкото раководство и медиумите и позицијата на Скопје кон Софија станува сè поагресивна. Индикативно, поради тоа беше одбиено барањето на Софија за учество во воздушното патролирање на НАТО над Македонија, а се промени и интересот за проектот за бугарската нуклеарна централа ‘Белене’, наместо тоа определувајќи се за поддршка на проектот за природен гас во пристаништето Александруполис во северна Грција.

Во меѓувреме, Бугарија се подготвува за избори напролет и политичката класа многу положува врз националистичките чувства, обидувајќи се да наметне нова балканска агенда инспирирана од Отоманската империја и од големите стремежи од 19. век, обвинувајќи ги своите балкански браќа за застранување од правилниот пат“, заклучува авторот на коментарот во „Катимерини“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This