КАЈ РАМА НЕМА KOMПРОМИСИ: Ќе оди на локални избори и без опозиција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот премиер Еди Рама денеска од говорницата на Парламентот во Тирана и порача на опозицијата дека компpoмис нема да има и оти со или без неа во Албанија ќе се одржат локалните избори.

Тој додаде дека евентуалното неучество на Демократската партија и на Социјалистичкото движење за интеграција на локалните избори предвидени за 30 јуни, ќе биде на штета на самите партии.

„Денеска, како и претходно, слушавме дека нема да учествуваат на изборите. Тоа е нивна работа. За нивно добро е да учествуваат на изборите. Се разбира, Албанија не ја почитуваат доколку имињата на партиите не бидат на гласачките ливчиња, но поголема штета си нанесуваат самите на себе. Ќе учествуваат или не, локалните избори ќе се одржат на одредениот датум. Ние ќе победиме и во оние општини каде што тие раководат и ќе владееме многу подобро од нив, порача Рама.
Тој и одговори на опозицијата и на барањата за негова оставка, за формирање преодна влада и за одржување предвремени парламентарни избори.

„Предвремени парламентарни избори нема да има. Нам народот ни довери мандат до 2021 година и за тоа нема преговори“, посочи Рама. Од собраниската говорница Рама оцени дека опозиционерите се вapвари и ckитници.

“Тие нека останат на улица, каде што се. Улицата ја избира улицата, таму и нека останат, додека ние продолжуваме на патот што го презедовме да ги водиме Албанците“, рече Рама.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This