По првите 45 минути нема голови на арената „Тоше Проески“ во Скопје каде репрезентациите на Македонија и Словенија играат тврд и изедначен натпревар.
Селекторот Ангеловски се одлучи за формација 3-4-1-2 со стандардниот Димитриевски на голот, во одбраната Ристовски, Муслиу и Ристевски, во средината Николов, Спировски, Адеми и Алиоски, Елмас како креативец и во нападот Пандев и Несторовски.
Освен еден посериозен удаp на Николов, во првиот дел, немаше вистински шанси за гол на двете страни.
Во судиското надополнување на првото полувреме Елиф Елмас постигна гол, но холандскиот судија Дани Макели го поништи поради наводен офсајд и предизвика ерупција од негодувања на арената.
Околу 19 илјади гледачи го следат овој натпревар во живо меѓу кои и навивачи од Словенија.