Ким и Канjе донираа половина милион долари за пожарникарите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ким Кардашјан и Канје Вест во средата донираа 500.000 американски долари за пожарникарите и жртвите на пожарот во јужниот дел на Калифорнија, кој речиси ја уништи вилата во сопственост на познатата брачна двојка.

Кардашјан, која се појави на шоуто „Елен Деџенерис“, рече дека таа и Вест изнајмиле приватни пожарникари за да го одбранат нивниот дом и другите во соседството во Калабасас, северно од Лос Анџелес.

Кардашјан, Вест и нивните три деца се меѓу илјадниците што мораа да избегаат од своите домови за време на двонеделниот пожар што се прошири во крајбрежниот град Малибу уништувајќи 1.500 згради и убивајќи три лица.

Кардашјан, ѕвездата на реалното шоу, рече дека огнот дошол до нивниот праг и дека сè уште не се вратиле поради интензивниот мирис.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This