April 28, 2024, 12:39 pm

КИНА ДОБИ НОВ МИЛИЈАРДЕР: Тој потекнува од козметичката индустрија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кина, вториот најголем дом на светски милијардери, доби нов богат човек кој сега поседува повеќе од една милијарда долари.

Новиот кинески милијардер доаѓа од козметичката индустрија. Акциите на PROYA Cosmetics кои се тргуваа на берзата во Шангај на крајот на јануари се затворија на рекордно високо ниво, што помогна нејзиниот претседател Ху Јунченг да го лансира во најбогатите луѓе во светот.

Акциите на компанијата рекордната недела ја завршија на ниво од 108,94 јуани, со што се зголеми личното богатство на Јунченг на 7,9 милијарди јуани или 1,2 милијарди долари.

Приходите и нето добивката на PROYA во првите три квартали од 2019 година биле 2,1 милијарди јуани, 35 милиони долари повеќе од претходната година. Најмногу приходи остварил од козметичките брендови на PROYA, кои се многу популарни кај младите жени на возраст од 18 до 24 години во кинеските градови од трето и четврто ниво со стапка на развој.

Јунченг ја основал PROYA во 2006 година во провинцијата Џежанг.

PROYA, минатата година во Кина основаше заедничка компанија со шпанска фирма за нега на кожа, SingulaDerm, а истата година потпиша и договор за продажба на италијанскиот бренд за шминка WYCON.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This