Кина донираше над 10 милиони динари на три српски општини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинеската амбасада во Србија денеска потпиша договори за донации со претставниците на локалните самоуправи во Ариље, Бабушница и Рековац во вкупен износ од 10,82 милиони динари.

Договорите за донации се потпишани преку Интернет, а средствата ќе бидат искористени за изградба на градинка во Ариље и опремување на детски игралишта во Бабушница и игралиште за кошарка во Рековац, објавено е на Твитер профилот на кинеската амбасада.

Кинескиот амбасадор во Србија Чен Бо изрази задоволство од потпишаните договори за донација, нагласувајќи дека „децата се иднината“.

„Се надевам дека оваа донација ќе даде скромен придонес за нивниот подобар и безгрижен живот во ова тешко време“, рече амбасадорот Чен на Твитер.

Претседателот на општина Ариље, Предраг Маслар денес потпиша договор со кинеската амбасада за донација за изградба на нова градинка.

Кинезите ќе донираат нешто повеќе од 6,5 милиони динари за оваа намена, а првиот човек на Ариље се надева дека градинката во Церова ќе биде пуштена во употреба следната учебна година, објави локалниот портал Инфолига.рс.

https://publish.twitter.com/?query=https%3A%2F%2Ftwitter.com%2FAmbChenBo%2Fstatus%2F1337466235898957830&widget=Tweet

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This