Кина нема да го прифати планот на Светската здравствена организација да ја спроведе втората фаза од истрагата за потеклото на Ковид 19, изјави висок кинески здравствен службеник.
Зенг Јишин, заменик директор на Националната здравствена комисија на Кина, рече дека е шокиран од планот, а особено од теоријата дека вирусот протекол од кинеската лабораторија.
Тој ја отфрли таквата теорија како гласина што е спротивна на здравиот разум и науката.
„Невозможно е да се прифати таков план за истражување на потеклото“, рече тој на прес-конференција.