Кирацовски призна: Лoшиoт peзyлтат во Битола и Македонија е пopади нeocтварените вeтyвaња на СДСМ и лoшитe пoлитики

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Генезата на изборниот резултат на СДСМ според мене е повеќеслојна, прво неизлезноста на традиционалните гласачи, и неопределеното гласачко тело кое што на некој начин даваше поддршка во изминатите изборни циклуси, коалициското раслојување на СДСМ и секако одреден ден на слабости во самото функционирање. Знаете граѓаните оценуваат севкупно, тие разликуваат претседателски, локални или парламентарни избори. Сепак на изборниот ден преку чинот на гласање испраќаат одредена порака. Затоа што знаат дека тоа е најдиректниот начин пораката да биде испратена, да биде примена, и истата да боли“, истакна Александар Кирацовски од СДСМ.

Кирацовски додаде дека пораката од граѓаните кон СДСМ беше кон внатрепартиските слабости, и владино и централно.

„За Битола, сепак јас живеам тука и постојано сум во контакт со граѓаните, и не бев вчудоневиден од резултатите. Имајќи предвид дека најискрено и само критично кажано колку е направено, т.е. не е направено за Битола, првенствено и од централна власт, но и од страна на локалната самоуправа“, нагласи Кирацовски.

Кирацовски посочи дека битолчани се гневни на СДСМ порани неостварените ветувања кои ги даваа во 2017-тата година.

„Дополнително за неуспехот во Битола мора да додадам при првиот круг е кога ЛДП излезе со самостоен настап која што во Битола на некој начин котира. Тие со својот самостоен настап успеаја да направат штета сопствена и нашиот кандидат односно да ги одземат коалициските гласови овозможувајќи му предност на противкандидатот“, појасни Кирацовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This