КИСЕЛА ВОДА ЛИ Е, НАИРОБИ ЛИ Е: Кисела Вода како општина во Африка, Темелковски еколошка непогода за општината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните на општина Кисела Вода велат дека Филип Темелковски претставува еколошка непогода за општината поради фактот што откако тој седна на градоначалничката фотелја општината се дави во ѓубре. Веќе неколку месеци контејнерите насекаде низ општината се преполни, а поплаките од граѓаните се се почести поради реалниот страв и опасност од ширење на заразни болести.

Темелковски на повеќе места во својата програма им вети на граѓаните дека од контејнерите ќе има ефикасен одвоз на смет, чисти улици и намалено загадување и ветуваше чиста и еколошки здрава општина.

И самиот тој во својата програма го потенцираше фактот дека контејнерите преполни со смет претставуваат опасност која може да предизвика ширење на зарази, сега кога тој ја презеде функцијата градоначалник заборави што им ветуваше на граѓаните.

Сега општината личи на некое населено место во Африка, а градоначалникот се етаблираше како еколошка непогода за општината.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This