„Кликни за молитва“: Ватикан со апликација преку која верниците ќе можат да се молат заедно со папата Франциско

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ватикан денеска ја претстави својата најнова верзија на апликацијата „кликни за молитва“ која им нуди на корисниците напредни опции за молитва.
Седум црковни службеници, вклучувајќи го и кардиналот, учествуваа на конференцијата, на која беше претставено „Кликни за молитва 2.0“, што е првото големо ажурирање на апликацијата од нејзиното создавање во 2016 година, пишува Ројтерс.
“Молитвата не е губење време, како што понекогаш мислиме. Молитвата е како семе во темна земја, кое ќе ги покаже своите плодови во добро време”, рече отец Федерико Форнос.
Апликацијата е достапна на шест западни јазици и кинески и им дава на корисниците посебни опции каде што можат да се молат заедно со папата Франциско.

Ватикан го зголеми своето присуство на социјалните мрежи, а ватиканските власти соопштија дека објавата на Папата на Твитер ја виделе повеќе од 50 милиони луѓе во саботата.
Официјалните лица предупредија дека апликацијата можеби не е за секого, бидејќи ја замени традиционалната молитва со технолошка.
“Целта не е да се откажат други места или начини на молитва. Ова е само нов начин да се стигне до луѓето”, изјави Лусио Руиз, секретар на одделот за комуникации во Ватикан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This