КОАЛИЦИЈА ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ СЕУШТЕ ОПЦИЈА: Ахмети изјави дека сеуште се разгледуваат сите опции за излез од кризата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сеуште се во игра петте опции кои од почетокот се актуелни во ДУИ, изјавил Ахмети на средбата со турскиот амасадор Еркал Кара, пренесуваат албанските медиуми во државава

ahmeti_turski_ambasador

Пет можни опции се во тек за излез од политичката криза меѓу кои е и коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Ова беше изјавено од страна на претседателот на ДУИ, Али Ахмети за време на состанокот со Турскиот амбасадор Еркал Кара.

„Постојат пет можни опции кои ДУИ ги презентираше за излез од политичката криза, нагласувајќи внимателен пристап на ДУИ во решавањето на овој ќор-сокак поради чувствителноста на ситуацијата во земјата но и во регионот. Нашата одлука е важно да биде интензивно испитана за секоја веројатност, предност и последница која ќе биде резултат на истата“, изјавил Ахмети за време на средбата со Турскиот амбасадор.

Претходно, мандатарот Никола Груевски ја одби понудата за коалиција на ДУИ, со образложение дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да тргува со националните интереси и нема да дозволи да влезе на власт по секоја цена!

Во меѓувреме, албанските медиуми по оваа изјава на Ахмети, анализираат дека и покрај гаранциите од СДСМ, Ахмети сепак повеќе е насочен кон коалиција со ВМРО-ДПМНЕ имајќи во предвид дека токму со традиционалниот партнер во владата, Албанците имаат сигурност.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This