Ковачевски: Нема да коментирам додека СДСМ не ги распише изборите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ги почитувам одлуките на органите на партијата и нема да коментирам можности и веројатности се додека СДСМ не распише внатрепартиски избори, вели за Фокус заменик-министерот за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ Димитар Ковачевски, кој е фаворит да го наследи Зоран Заев на лидерската позиција во СДСМ, а со тоа и на премиерската функција.

Сите треба да имаме политичка и етичка почит кон претседателот Заев и кон одлучните и храбри чекори, кои заедно, сите граѓани, мораме да ги продолжиме на патот кон нашата подобра иднина. Во овој момент не сметам дека сум најважен јас, туку пред се иднината на земјата. Така размислува СДСМ, државата и граѓаните пред се – вели Ковачевски.

Откако Фокус на почетокот на неделава објави дека Ковачевски е најсериозен кандидат и за лидерската позиција во СДСМ и за премиерската функција, тој вчера се појави во друштво на Заев на средбата со лидерот на Алтернатива Африм Гаши.

Во овој период, сите од Владата целосно сме посветени на обезбедување стабилна, извесна и европска иднина на земјата. Јас учествував во разговорите со Алтернатива токму со цел зголемување на мнозинството кое земјата ја носи напред – ни изјави Ковачевски.

Инаку, тој е доктор по економски науки, кој дел од образованието го минал на Хардвард. Според неговата биографија, работната кариера ја започнал во Македонски телеком, по што станува извршен директор на Оне Вип Македонија, дел од Телеком Австрија Групацијата.

Освен што е близок соработник на Заев, со кого заедно студирале на скопскиот економски факултет,  Ковачевски бил дел од ИО на СДСМ и во времето на Бранко Црвенковски. Неговиот татко, Слободан Ковачевски, пак, е поранешен градоначалник на Куманово и македонски амбасадор во Црна Гора.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This