April 28, 2024, 10:45 am

Ковачки до Шекеринска и Пендаровски: Лично сте одговорни двајцата, треба веднаш да понесете одговорност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лично сте одговорни двајцата. Треба веднаш да понесете одговорност! Почитувани граѓани, со неодговарањето и молкот на министерот и претседателот само уште еднаш се потврдува недемократскиот капацитет и ароганцијата на власта кон прашања кои го засегаат угледот и достоинството на државата, регираше Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Уште еднаш се потврдуваат нашите тези дека без разлика на големината на скандалот, тие бегаат од одговорност и ќе си одмолчат. Станува збор за класична злоупотреба на апсолутната власт којашто ја уживаат. Во нормални држави, кога функционерот ќе погреши, се извинува и понесува одговорност. Вие погрешивте не еднаш, туку двапати! Двапати ја избламиравте Македонија, а ниеднаш не понесовте одговорност, ниту пак дадовте образложение зошто го направивте тоа. Молкот од ваша страна само упатува на сомнеж дека ова што сте го направиле не е случајно, туку дека е намерно. Намерно ли праќате лица кои не ги поминуваат безбедносните филтри? Свесни ли сте за последиците кои може да ги имаме како нација? Ваши предлози не еднаш, туку двапати се вратени. Која е Вашата улога во изборот? Г-ѓо Шекеринска и г-не Пендаровски, каде Ви е транспарентноста на која се повикувате? Ароганцијата е ваша одлика за целиот период на вашето автократско владеење, а работењето против интересите и угледот на Македонија е својствено за СДСМ. За вас не важат ни Устав, ни закони, ни правила ни процедури.

Ја урнисавте правната држава за ваши лични и партиски интереси. Одговорност мора да има! Оставка!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This