КОГА НАВИСТИНА СЕ ШТИТАТ ДРЖАВНИТЕ ИНТЕРЕСИ: Вучиќ порача дека нема намера да исполнува желби на „некои таму во ЕУ“ и да ги руши националните интереси на Србија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера, по 21 часот започна трилатералниот состанок на шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини, претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи, јавува Танјуг од Брисел

Тоа што не е исполнето од точките на Бриселскиот договор, кој се однесуваат на Заедниците на српските општини, не може да биде кривица само на Албанците, изјавил претседателот на Србија Александар Вучиќ по разговорите во Брисел.

За пет години се завршувани и најтешките војни, изјавил српскиот претседател и потсетил дека Србија го има исполнето нејзиниот дел од гочките.

Албанците пак, немаат намера да ги исполнат своите обврски, уверен е Вучиќ.

„Цели 1.800 дена шестте главни точки од договорот не се допрени, а тоа не може да биде вина само на Албанците, тоа го потпиша и Европската Унија“, истакнал Вучиќ.

Србија е на европскиот пат, но нема да ги руши своите државни и национални интереси за некои во Европа и во светот да бидат задоволни, рекол Вучиќ.

Тој истакнал дека за Србија е важен европскиот пат.

„Мојата обврска е да го чувам мирот и стабилноста, а не да постапувам како некој на улица. И реков на Федерика Могерини дека Србија е на европскиот пат. Ќе се бориме да напредуваме, но немојте да мислите дека е возможно Србија да ги сруши своите национални и државни интереси за некои во Европа и во светот да бидат задоволни“, порачува Вучиќ.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This