April 28, 2024, 11:59 am

КОЛАРИЌ: Шилегов и локалните градоначалници се нecпоcобни да го решат пpoблeмoт со дивите дeпoнии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светлана Колариќ, советничка од ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје во своето утринско гостување зборуваше дивите депонии односно за депонијата во Ново Село каде посочи дека прашањето поврзано со депониите треба да се упати кон градоначалникот на градот Скопје. Имено таа укажа дека ако се земе предвид дека секоја година се трошат голема сума на пари за чистење на депониите, а повторно има диви депонии тогаш станува збор за едно лошо менаџирање од страна на Шилегов и локалните градоначалници.

-Локацијата на проблемот е прашање кое што треба да се упати кај градоначалникот на градот Скопје бидејќи граѓаните плаќаат комуналии, вода, смет, паркови и зеленило и од друга страна никој нема право да ja загрозува животната средина. Доколку градоначалникот еднаш ја исчистил дивата депонија во Ѓорче Петров, а потоа заедно со локалниот градоначалник на Ѓорче не превземале никакви мерки тогаш е апсурдно она што се говори менаџирање односно чистење на дивите депонии. Нашите информации говорат дека не само во Ѓорче Петров истото се случува и во Гази Баба и на повеќе локации во градот Скопје. Ако земеме во превид извештаите кои секоја година велат дека градот Скопје издвојува големи суми на пари за чистење на депонии и повторно имаме диви депонии значи дека имаме едно лошо менаџирање или нема да погрешам ако кажам дека можеби е намерно договорено со локалните градоначалници и локалните комунални претпријатија да шутот завршува на дивите депонии на местото од депонијата Дрисла бидејќи на овој начин се штитат парите на локалните самоуправи, додаде Колариќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This