Најизведуваниот современ македонски композитор низ светот, професорката по композиција Дарија Андовска одбива да биде со тие кои што и забрануваат да се нарече Македонка.
“Одбивам да бидам дел од оние кои не дозволуваат да се наречам Македонка, да употребам придавка “македонски”, да зборувам на јазик кој се нарекува македонски јазик.
Дали е тоа НАТО, дали е тоа ЕУ, дали е тоа весело друштво лоботомирани и продадени газови- сеедно ми е.
Ако се договорите за избори, ќе гласам само за тие кои ќе ги поништат двата понижувачки и девастирачки договори и ќе се грижат навистина ова да биде суверена и самостојна држава Македонија.
На сите други мрсул не се фрла.
Јас сум Македонка, од Македонија, зборувам, мислам и сонувам на мајчин македонски јазик”, пишува композиторката која е дел од низа меѓународни музички проекти и музички педагог на Факултетот за музичка уметност и Факултетот за драмски уметности.