Кондовски: Давајќи ми шанса, ви порачувам, од мене да очекувате резултати, нема да се штедам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Битолчани заслужуваат Битола обединета да тргне напред, бидејќи нема да живееме во минатото, туку во иднината, истакна во своето предизборно обраќање кандидатот за градоначалник од СДСМ, Христо Кондовски.
В недела масовно и обединети да излеземе на гласачките места и да го избереме концептот на прогресот, порача Кондовски.
-Ветувам дека програмата ќе ја реализирам целосно. Не дека тоа ќе биде лесно, но едноставно мора да го надоместиме изгубеното време. Битола нема време за чекање. Битолчани заслужуваат Битола обединета да тргне напред, бидејќи нема да живееме во минатото, туку во иднината. Нашата општина мора да напредува со брзо темпо. Имам енергија, младост, но и искуство да го придвижам општинскиот развој, затоа и влегов во овој политички натпревар, истакна Кондовски.
Кондовски повика на масовно гласање и поддршка на бројот 12.
-Денес уште еднаш ја барам вашата поддршка. Барам ваше активно учество во процесите кои Битола ќе ја движат напред. Барам ваше активно партнерство. Давајќи ми шанса, ви порачувам: од мене да очекувате резултати. Нема да се штедам. Јас не сум навикнат на политика, туку на работа. Работа за Битола и битолчани, нагласи Кондовски, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата Општина“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This