КОНЕЧНО ОТКРИЕНО: Колку заработува Путин и што сѐ поседува!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател, Владимир Путин, минатата година заработил 135.300 долари, што е за околу 20.000 помалку од 2017. година, се наведува во неговата даночна пријава објавена на сајтот на Кремљ.

Просечен месчен приход на претседателот за 2018. година бил 11.200 долари. Во пријавата се наведува дека имотот на Путин не се променил во текот на минатата година. Тој има стан од 77. метри квадратни и гаража од 18. квадрати.

Исто така користи и стан од 153. квадрати и паркинг место од 15. квадрати. Сиот имот кој Путин го пријавил се наоѓа во Русија. Путин е сопственик и на два стари модели автомобили од моделот „Волво ГАЗ М21“ како и теренското возило „Нива“ и камп приколка „Скиф“.

Приходот на Путин е помал за 20.000 долари поради тоа што во даночната пријава во 2017. година пријавил пари од продажба на земјиште со површина од 1.500 квадратни метри.

На сајтот на владата е објавена и даночната пријава на премиерот Дмитриј Медведев која покажува дека во 2018. година заработил 153.975 долари, што е 16. отсто повеќе во однос на 2017. година. Просечната плата на рускиот премиер минатата година била 12.,850 долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This