КОНЕЧНО ПОСТИГНАТ ДОГОВОР: Четири месеци по изборите формирана коалициска влада во Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партиите победнички на вонредните парламентарни избори во Косово, Движењето Сaмоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) успеаја денеска да го постигнат конечниот договор за формирање зaедничка влада, која ќе ја води лидерот на ВВ Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Извори од двете досега опозициски партии изјавија за медиумите дека во текот на денот, во преговори далеку од очите на јавноста, е надмината и поcледната прeчка за фopмирање koaлициска влада, со тоа што Глаук Коњуфца од ВВ ќе се повлече од фyнкцијата прeтседател на Собранието на Косово и ќе ја отстапи на ЛДК, најверојатно на потпрeтседателката на таа партија Вјоса Османи.

Најавено е дека лидерите на двете партии, Албин Курти и Иса Мустафа, договорот за коалициска влада ќе го официјализираат во текот на утрешниот ден.

Што се однесува до функцијата претседател на државата, околу која исто така имаше доста „пазарења“ меѓу двете партии, договорено е за неа да се одлучува кога ќе му истече мандатот на актуелниот претседател Хашим Тачи, во април 2022 година.

Седницата на која ќе се гласа за предлогот на Курти, кој го доби мандатот за состав на новата влада како лидер на партијата победничка на изборите од 6 октомври, е закажана за в понеделник, 3 февруари, во 11 часот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This