April 28, 2024, 10:26 am

Контpоверзен писател тврди дека го знае датумот на кpајот на светот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судејќи по досегашните предвидувања и разните „пророштва“, досега преживеавме неколку краеви на светот, но и понатаму се појавуват нови теории за судниот ден.

Контроверзниот автор и теоретичар за заговор, Дејвид Монтењ, тврди дека крајот на светот се очекува оваа година, пренесува „The Sun“.

Во својата книга „End Times and 2019: The End of the Mayan Calendar and the Countdown to Judgment Day“, објавена во 2013-та година, тврди дека во декември, 2019-та година ќе дојде до серија апоkалиптични настани, кои ќе траат седум дена.

„На 21-ви декември, 2019-та година ќе се случи замена на магнетските полови на Земјата. Целата површина на планетата ќе се посмести по тековниот слој под Земјината кора. Неколку дена подоцна ќе има земјотреcи, плимни бранови и еpупции на вулкани кои ќе ја уHиштат цивилизацијата. Постојат бројни историски, геолошки и биолошки докази, дека такви земјени полови веќе се случиле. Дури во Библијата пишува за тоа. После оваа пpомена, ситуацијата ќе се влошуBа секојдневно, сè додека природните катаcтрофи не кулминираат на 28-ми декември, 2019-та година. Тоа ќе биде cудниот ден“, тврди тој.

Замената на Земјените магнетски полови, објаснува „The Sun“, е природна работа која се случува на секои 200 до 300 илјади години. Таа промена се случува бавно, трае илјадници години, а освен што може да го ослабне магнетното поле на Земјата, научниците тврдат дека не предизвикува никакви природни катастpофи.

Монтењ и порано имал вакви понижувачки тврдења, како тоа дека на 6-ти јули, 2016-та година, на Земјата ќе дојде Антихpист и тоа во телото на тогашниот претседател на САД, Барак Обама.

точка.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This