КОРИСНИ СОВЕТИ:Што треба да направиме за да се заштитиме при земјотрес?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Земјотресите настануваат како резултат на придвижување на тектонски плочи, движење на Земјината кора или многу големи експлозии, при што се ослободува голема енергија, а последица на тоа е протресување на земјиштето (познато како земјотрес).

Земјотресите НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕДВИДАТ, но МОЖЕ ДА НАУЧИМЕ како да се заштитиме од истите.
КАКО ДА ПОСТАПИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЗЕМЈОТРЕС:

ОСТАНЕТЕ МИРНИ и присебни и не дозволете да ве совлада паника. Бидете свесни дека ПОСЛЕ почетните потреси многу БРЗО ДОАЃААТ и други појаки потреси.

  • НЕ ПАНИЧЕТЕ!
  • НЕ СЕ ОБИДУВАЈТЕ ДА ИЗБЕГАТЕ
  • СПУШТЕТЕ СЕ НА ПОД, склупчете се и заштитете ја главата

КАКО ДА ПОСТАПИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЗЕМЈОТРЕС КОГА СТЕ ВО ЗАТВОРЕН ПРОСТОР

  • ВЕДНАШ ЗАСОЛНЕТЕ се на побезбедните места: довратници, носечки ѕидови, испод маса или друг поцврст дел од мебелот, или покријте го лицето и главата со рацете и засолнете се во ќошот од внатрешните ѕидови од просторијата и ОСТАНЕТЕ ТАМУ ДОДЕКА ТРАЕ ПОТРЕСОТ.
  • Ако лежите СПУШТЕТЕ се покрај креветот и заштитете ја главата со рацете.
  • ОДДАЛЕЧЕТЕ СЕ од прозорците, стаклата, надворешните ѕидови и врати и било што што може лесно да падне како што cе ормани, полици, лустер, и слично.
  • ОСТАНЕТЕ во затворениот простор додека трае потресот (најмногу повреди настанува при обиди за напуштање на затворениот простор ДОДЕКА ТРАЕ ПОТРЕСОТ)
  • Додека трае потресот НЕ КОРИСТЕТЕ лифтови и скали.
  • Кога е безбедно напуштањето, НЕ КОРИСТЕТЕ лифт.
  • →Не излегувајте на тераса или на балкон.
  • →Не поставувајте полици над кревет
  • →Доколку сте во близина на висока зграда или во неа, заштитете се од стаклата и надворешните ѕидови.
  • →Доколку сте во јавни објекти (училишта, трговски центри, јавни институции, установи и служби и друго) – останете мирни и не паничете.
  • →Бидете подалеку од масата луѓе што панично се движи кон излезите.
  • →Бидете свесни дека може да дојде до прекин на струјата и/или ќе се вклучат алармите (противпожарни и други аларми).
  • →Секогаш треба да имате при рака батериска ламба и транзистор со резервни батерии, пулсни телефони или комбинирани/пулсно-дигитални кои може да функционираат и кога објектот нема електрична енергија
  • →Веднаш исклучете ги сите извори на електрична енергија, плин и вода.
  • →Ако сте користеле било каков извор на топлина, исклучете го кога ќе се смири потресот.
  • →Ако се појави пожар обидете се да ги изгаснете веднаш и јавете се на бесплатниот повикувачки телефонски број: 193
  • →Доколку сте во можност пружете прва помош на повредените кои се во ваша близина.

КАКО ДА ПОСТАПИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЗЕМЈОТРЕС КОГА СТЕ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР

  • Подалеку од уличните светла, електричните кабини, високите згради (најопасно е во близина на излезите на објектите и од надворешните ѕидови).
  • Ако сте на улица внимавајте на објектите кои може да се срушат или предмети да паднат врз вас (оџаци, ќерамиди, искршено стакло и друго).
  • Главата заштитете ја со рацете или чанта на пример што ја носите со вас.

КАКО ДА ПОСТАПИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЗЕМЈОТРЕС КОГА СТЕ ВО ВОЗИЛО ВО ДВИЖЕЊЕ

  • Застанете доколку е можно, но да не ја загрозите безбедноста во сообраќајот,
  • Избегнувајте застанување во близина на зграда, дрвја, надвозници или електрични кабли,
  • Продолжете внимателно кога ќе престане потресот,
  • Избегнувајте патишта, мостови, рампи кои може да бидат оштетени од земјотресот.

КАКО ДА ПОСТАПИТЕ АКО СТЕ ПОД УРНАТИНИ

  • НЕ ПАЛЕТЕ запалка или ќибрит.
  • НЕ СЕ ДВИЖЕТЕ и СЕДЕТЕ смирено.
  • УДИРАЈТЕ во ЦЕВКА или ЅИД за да можат тимовите за спасување да Ве пронајдат. Ако имате СВИРЧЕ искористете го. ВИКАЈТЕ САМО ако тоа е последно решение (со викањето може да се вдишат големи количини прашина, а тоа е опасно).
  • Сочувајте ја присебноста и ОБИДЕТЕ се да се ориентирате.
  • Ако сте притиснати со материјал, ЗАПОЧНЕТЕ СО ОТСТРАНУВАЊЕ на истиот (при тоа штедете ја силата и ВНИМАВАЈТЕ на острите предмети и од дополнително повредување).

КАКО ДА ПОСТАПИТЕ ПОСЛЕ ПРВИОТ УДАРЕН БРАН НА ЗЕМЈОТРЕСОТ

  • БИДЕТЕ СПРЕМНИ за ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ПОТРЕСИ.
  • Ако ОБЈЕКТОТ Е ОШТЕТЕН поради можноста од појава на последователни потреси, НАПУШТЕТЕ ГО СМИРЕНО, без паника (НАЈПРВИН мајки со деца, болни, стари лица и инвалиди).
  • Ако сте во ОШТЕТЕН ОБЈЕКТ и чувствувате мирис на ПЛИН или забележите ИСКИНАТИ КАБЛИ, НЕ ПАЛЕТЕ СВЕЌИ ИЛИ ЌИБРИТ-ЗАПАЛКА (поради опасност од ЕКСПЛОЗИЈА).
  • ПРОВЕРЕТЕ дали има ПОВРЕДЕНИ.
  • НЕ ГИ ПОМЕСТУВАЈТЕ ПОТЕШКО ПОВРЕДЕНИТЕ.
  • СЛЕДЕТЕ ГИ ПРЕПОРАКИТЕ на надлежните институции.
  • Користете го телефонот МИНИМАЛНО (да не се преоптоварат линиите).
  • НЕ КОРИСТЕТЕ автомобил за ЕФИКАСНО да дејствуваат спасувачките тимови.
  • НЕ ВЛЕГУВАЈТЕ во затворен простор, посебно ако се оштетени објектите, ако се чувствува мирис на плин или забележите искинати кабли.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This