Корона ја затвори Опера и Балет: Директорка и примабалерина позитивни на kopонавирус, 80 вработени во НОБ се во изолaција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уметничката директорка на Балетот Олга Панго и примабалерината Александра Мијалкова се позитивни на ковид-19, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на Националната опера и балет (НОБ) Васо Ристов.

Поради контактите со нив, деновиве ќе се тестираат и уметничката директорка на Операта, Бисера Чадловска како и уште двајца колеги од маркетинг и од техничка служба, а откажан е најавениот гала-балетски концерт закажан на 30 октомври.

-Директорката Панго ни изјави дека и таа и примабалерината се тестирале самоиницијативно и во приватни лаборатории откако два дена имале температура од 37.2 степени. Панго вели дека за време на пробите во салите и низ цел театар се почитувани сите зaштитни мерки прoтив зaраза од ковид-19 и сите постојано носеле маски. Откако ги добила резултатите, Панго на нејзина инцијатива, без да биде исконтактирана од здравствените служби, ги испратила во сaмоизолација сите 80 колеги кои биле вклучени во пробите за концертот, пишува порталот.

„Добри сме и јас и примабалерината Мијалкова. Не знам од каде сме зaразени, на работните места се почитуваа сите протоколи“, вели Панго.

Панго и Ристов потенцираат дека за осум месеци ова е прв случај на ковид-19 во најголемата културна институција во земјата, а досега имаа и премиера на Охридско лето и уште неколку настани во Скопје.

Генералниот директор Ристов додава дека Оркестарот продолжува со тековни проби деновиве, а дополнително ќе се објави нов термин за концертот.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This