Косовскиот нapkoбос експресно пуштен на слобода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовецот Насер Кељменди кој се поврзува со трговија на дрога е пуштен на слобода откако претходно во текот на денот беше приведен во Полициска станица во Лозница, пишуваат локалните медиуми.

Тој беше приведен во хотел на влезот на Лозница. При приведувањето на Кељменди кај него не било пронајдено ништо што би можело да го поврзе со некое кривично дело.

Нема официјални информации заради што е приведен.

Насер Кељменди во 2018 година во Приштина беше осуден на шест години затвор заради поседување дрога. Во исто време беше ослободен од обвинение за организиран криминал и за убиство на Рамис Делалиќ од Сараево.

Кељменди до 1999 година живееше во Пеќ. После војната се преселил во Сараево и е поврзан со многу криминални кругови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This