КОСТАДИНОВ СЕ OTKAЖА ОД ПРЕСОВИ ЗА РУСИТЕ: Создадовме реална економија со долгорочна стабилнocт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, посочи дека по години стагнација и yнaзадување, економијата е стабилизирана, расте и се разввива. ФДИ Интеленџенс, сервисот на Фајненшел тајмс, објави дека во периодот од јуни 2018 до мај 2019 во Македонија регистрирани се 184,4 милиони долари странски гринфилд инвестиции.

– Тоа е раст од 200 отсо споредено со минатата 2017 година. Ова е одличен податок, особено имајќи предвид дека гринфилд инвестиции претставуваат инвестиции во бизнисот без претходна инфраструктура, деловен простор и вработени. За две години, вработени се околу 50 илјади граѓани, од кои 48 илјади во реалниот сектор – рече Костадинов.

Како што вели тој, тоа значи дека политиките даваат резултат. Со вистински економски политики создаваме реална економија со долгорочна стабилнocт, ориентирана и кон приватниот сектор.

Освен растот на гринфилд инвестициите и вработувањето, имаме раст и на извозот, додаде Костадинов. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во првите пет месеци од годинава, извозот е зголемен за 14,8 отсто во споредба со истиот период од минатата година.

– Ова се само дел од последните податоци што ја докажуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ. Довербата во економијата е вратена, се реализираат нови инвестиции, расте индустриското производство, невработеноста опаѓа. Зборот важи. Како одговорна партија дадовме збор, се посветиме на развој на економијата, нови работни места, повеќе пари и подобар животен стандард на сите наши граѓани – рече Портпаролот на СДСМ.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This