Костов: Со дигитализацијата ние ќе останеме без нашето национално творештво

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аналитичарот Сотир Костов, во денешното издание на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 зборувајќи за најавената дигитализација во образованието истакна дека е против целосна дигитализација со исфрлање на учебниците и дека пред да се пристапи кон таков чекор прво треба да се направи суштинска реформа во образованието.

„Не е најголемиот проблем на македонското образование дигитализацијата на учебниците. Тоа е еден сегмент, можеби помалиот сегмент. Ние имаме проблем што правиме експерименти со нашето образование. Почнавме чекор со чекор со Сорое, да не кажам што произведе. Па имавме Болоњски систем, па Кембриџ систем, па сега некој фински систем. Не, ние треба конечно да направиме вистинска реформа. Во таа реформа треба да оцениме дали сме за дигитализација, што значи тргање на печатените книги, или и дигитализација и книги. Ама ако ви се направи група од 70 000 луѓе кои ви велат на соијалните мрежи НЕ за дигитализацијата, ако ви се дигнат родителите, заедно со дел од професорите и велат Не дигитатлизација, Ако гледаме во целина, децата ем онлајн учат, ем дигитализација, па ние ќе го изгубиме највредниот социјален капитал, а тоа е нашата иднина, нашите деца. Јас лично мислам дека прво треба да се направи добра суштинска коренита реформа во образованието и дигитализација само во случа да останат книгите“, нагласи Костов.

Тој спомена неколку култни книжевни изданија како Бели мугри од Кочо Рацин, За македонцките работи од 1846 (второ издание), Одбраната на Коневски за македонскиот јазик 1948 кога бил првиот атак од Бугарите врз македонскиот јазик, и татковинската книга на Браќата Миладиновци, Народните песни, 600 македонскии 76 бугарски песни, и која, како што ја нарече тој е македонската библија од која учеле нашите дејци и преродбеници.

„Ако ова ние го дигитализираме и веќе не постои, па ние како ќе го почувствуваме што биднало. Но некој заборави, дали од страв од Бугарите да одбележи 160 години од овие двајца браќа кои ја направиле оваа татковинска библија. Целокупното народно творештво со песни,раскази, обичаи, венчавки, што народот творел, е во оваа книга. И никој не зборува за одбележување на тој јубилеј. Еве ви што значи дигитализација, ние ќе останеме без нашето национално творештво. Јас се залагам да останат книгите“, заврши Костов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This