КОЈ ИМ ДАДЕ ТЕЛЕФОНИ НА ТЕРОРИСТИТЕ ОД ДИВО НАСЕЉЕ: Ден по посетата на Заев во Идризово, терористите објавуваа текстови на Фејсбук!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не може а да не помине ден без скандал на Зоран Заев и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Крсте Јовановски на прес конференција кажа дека јавноста вчера беше шокантен сведок како еден од обвинетите во најголемата анти-трористичката акција што воопшто се случила во Република Македонија Деме Шеху,  пред два дена од својата ќелија во казнено поправниот дом Идризово споделил фејсбук статус.

-Оттука би сакале да поставиме неколку логички прашања: Како обвинетите од Диво Насеље стигнале до мобилен телефон? Кој им дозволил да ги користат и со која цел? Зошто надлежните молчат за ваквите злоупотреби? Ова се прашања кои македонската јавност заслужува и мора да ги знае. Одговорност за ваквите постапки мора да има. Ова пред се е навреда за секој оној кој се бори за правда и правна држава, а посебно е навреда за сите оние кои ги дадоа своите животи за одбрана на Република Македонија, изјави Јовановски.

Јовановски потенцираше дека е симптиматично е дека Зоран Заев најави амнестија токму по посетата на затворот Идризово каде јавноста можеше да види како се ракува со убицји и луѓе обвинети за тешки дела.

-Инаку, сакаме да ја потсетиме јавноста дека Деме Шеху е еден од уапсените во анти-терористичката акција од 9ти и 10ти мај 2015 година во која загинаа осум македонски бранители, припадници на специјалните сили на МВР, а преку 37 беа повредени. Ваквото однесување на партизираните кадри на Зоран Заев и  СДС мора да престане. Да не се обидуваат во ниту еден момент да ги навредат сите оние кои го дадоа животот за Република Македонија. Граѓаните ги гледаат ваквите штетни политки и затоа на 15-ти октомври ќе бидат најстрого казнети, порача Јовановски.

Јовановски кажа дека казната која ќе ги стаса на локалните избори ќе биде увертира во предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе застанат на патот на оваа расипничка и ненародна власт.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This