„Донесена е одлука која и тоа како опфаќа и неколку арапски телевизиски станици во неколку држави, вклучувајќи ги и „MBC”, која има обврска да прекине со емитување на турски драми”, изјави портпаролот на „MBC групата”, Мазен Хајек, пренесува Ројтерс.

Некои арапски критичари на социјалните мрежи водека кампања против, како што велат турското влијание, кое преку сериите се емитува во арапските домови.

Со оваа одлука ќе бидат опфатени веднаш 6 турски серии.

Но, како што наведува Ројтерс, оваа одлука ќе може да им даде шанса на земјите како што се Катар и Либан да ги пополнат празнините.

„Ова може да биде добра иницијатива за арапските продуценти да создадат добри арапски драми, кои ќе бидат алтернативи на оние кои повеќе нема да бидат емитувани”, порача Хајек.