КРВНАТА СЛИКА НА ЗАЕВ ВО ЛОША СОСТОЈБА: Слабо на Омега-3 масти, па распишале тендер за набавка на морски плодови, откоподи и риба!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Работнички права, сиромаштија, помали или поголеми плати се само приказна за широката маса. Кога станува збор за високите владини претставници, членови на платеничката револуција и лажни граѓански активисти, тогаш сите овие „принципи“ за кои некогаш беа спремни и да загинат, паѓаат во вода. Сега, наместо борба за правда, слобода, демократија, се води борба за запазување на здравата исхрана и внес на доволни количини на Омега-3 масти

Шетањето на +40 степени, зборувањето со „рајата“, измислувањето на секакви шарени лаги и верглајќи празни фрази очигледно кај Заев предизвикува негативности кога се работи за неговата крвна слика. Со таков проблем, очигледно се соочуваат и оние кои се задолжени да ги следат сите испади и нелогичности на нивниот шеф. Но, Рашковски и директорот на СОЗР при владата на Р.Македонија имаат решение за тоа.

Имено, денес на страницата на Бирото за јавни набавки беа објавени тендери за три набавки на морски плодови, замрзната риба и октоподи, свежа риба како и други морски деликатеси.
Од невладините, граѓанските здруженија, активистите за заштита на морскиот живот сеуште нема ниту трага, ниту глас. Напротив, тие т.н. активисти биле до толку лажни, што сега заедно со Заев ќе ги дегустираат овие намачени морски животни.

Ги има и оние кои можеби и се загрижени за тоа дека врз грбот на граѓаните новата влада ќе ужива во луксузот на власта, но најверојатно сеуште им се полни устите со пипците од октоподот, па сеуште не можат да зборуваат.

Дали паднала во вода лажната скромност на Заев, или некој од владините Твитер шарени службеници веќе ја дегустирал е прашање за друга прилика. Она пак што не може да чека, е прашањето дали Заев ќе ги покачи минималните плати на 16.000 денари, платите на докторите на 100.000 денари, ќе ја укине радиодифузната такса, ќе го продолжи трудничкото отсуство, ќе ги изгради 20-30-те автопати?

 

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This