КРЕАТИВЕН ПАР, АВТОМОБИЛОТ ГО ПРЕТВOPИЛЕ ВО МЕБЕЛ: Од мотор и седишта до столови и фотелји!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Старите седишта станале удобни фотелји кои Ведран сам ги претапацирал на стара машина за шиење, а моторот го претвориле во стол за дневната соба. Креативното дуо и долгогодишниот пар, Ведран Реља и Гога Павлек ја обожаваат “vintage“ културата и ја промовираат преку сè што ќе допрат – графички дизајн, иновации, “castom“ изработки.

Иноваторот и техничар за мехатроника и наградуваната графичка дизајнерка низ својата платформа „Craftmoto“ ги промовираат своите изработки. А сè почнало со peставрацијата на автомобилот „Форд Капри“ пред 15 години со кој што планирале да заминат на патување во Скандинавија.

Авантурата со мебелот во индустриски стил започнала како нycпроизвод од peставрацијата на „Форд Капри“ од 1973-та година. Како што го преуредувале автомобилот така вишокот на делови кои не биле за употреба се големувал, а од нив направиле мебел за својата дневна соба. Па така старите седишта станале удобни фотелји кои Ведран сам ги претапацирал на старата машина за шиење, моторот го претвориле во стол за дневната соба, а клиповите во уникатни светла. Многу од луѓето почнале да се занимаваат со нивниот мебел, одлучиле да го продаваат, а сега го изработуваат и по желба.

„Необичните верзии најбарани се од купувачите од Велика Британија и Германија“ – вели Ведран.

Серијата на мебел која се состои од: мал и голем стол се направени од блокови од мотор на „Форд“ В6 и В4 кои се песочни и пластифицирани, работна површина од стакло, две фотелји, два држачи за кактус, две табуретки и две подни ламби се специјални “vintage“ елементи кои се изработувани една година. Иако сетот воглавно се продава во целост, поединечната цена на овој мебел се движи од 130.000 евра до 800.000 евра.

„Луѓето често ги споредуваат цените на овој мебел со цените од „Икеа“ и слични продавници, каде што станува збор за масовно производство, а не знаат дека некои делови од автомобилот од кој го правиме мебелот ги нема ниту во Хрватска“ – изјавил Ведран.

„Ние би сакале луѓето од Хрватска повеќе да ни се јавуваат и да имаат поинтересни идеи за мебел“ – изјавила Гога.

Освен мебелот, Гога и Ведран изработуваат и под со наслов „Good luck“, а се продаваат во продавницата „Craftomoto Etsy“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This