Криптовалути се копале и во Македонски железници – Ова се деталите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи вчера уапсило две лица, вработени во МЖ Транспорт, поради злоупотреба на службена положба и овластување. МВР информира дека двете лица биле приведени по претходна пријава од раководно лице во МЖ Транспорт, откако забележал поголема потрошувачка на струја во една од канцелариите и се посомневал дека некој од вработените ги користи службените простории за копање криптовалути.

Постапувајќи по пријава примена во 18.30 часот од страна на раководно лице во Железници на РСМ – Транспорт, според која во канцеларија опремена со компјутери, во која биле неколку вработени, забележал поголема потрошувачка на струја поради што се посомневал во копање на криптовалути, полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки и активности ги привеле двете лица вработени Железници, кои ја користеле канцеларијата, при што било извршено и запечатување на просторијата.

По расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Да потсетиме дека претходно Инфомакс информираше за злоупотреби со копање на криптовалути во подрумските простори во ГТЦ.

Latest News

B52Club Your Ultimate Gaming Destination in the City [088.Casino]

Are you a gaming enthusiast looking for the ultimate gaming experience in the city? Look no further than B52Club,...

More Articles Like This