КУЛМИНИРА НЕРВОЗАТА И НАСИЛСТВОТО ВО СДС: Вчеравечер демолирано седиштето на Демократската партија на Србите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Непознати сторители синоќа го демолирале седиштето на Демократската партија на Србите на Македонија во Скопје.

Партијата на Иван Стоилковиќ е дел од коалицијата “За подобра Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во која партиципира со неколку советнички места на кандидатските листи и еден кандидат за градоначалник.

Неодамна, за време на дебатата околу Законот за примена на јазиците, токму лидерот на оваа партија одржа и впечатлив говор во Собранието на Република Македонија.

“Јас сум единствениот Србин пратеник во Собранието на Република Македонија кој до сега ги поддржал сите закони кои значат и носат подобрување на правата на Албанците во Р. Македонија. Но, што вие направивте за правата на помалите етнички заедници? Сакате да ви дадам одговор!? Одговорот е поразителен! Милиони амадмани на изборниот законик каде се бара гарантирани места за помалите етнички заедници. Блокиран процес, помалите етнички заедници исфрлени од политичкиот и од секој друг процес”, истакна на дебатата Стоилковиќ.

 

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This