April 27, 2024, 12:17 am

Курти остана извиceн, Бајден му го сврте грбот на Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако премиерот на Приштина, Албин Курти, се надеваше дека барањето на САД за спроведување на Вашингтонскиот договор ќе исчезне со доаѓањето на администрацијата на новиот претседател Џозеф Бајден, тоа нема да се случи, пишува „Газета експрес“.

Во приштинскиот весник се наведува дека и по заминувањето на администрацијата на претходниот претседател Доналд Трамп, САД бараат да се спроведе договорот од Вашингтон, пренесува Танјуг.

Дипломатски извори на „Газета“ во Вашингтон соопштија дека од поранешниот специјален пратеник на Трамп за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел било побарано да ја извести новата администрација за договорот постигнат во септември минатата година и за следните чекори во тој процес.

„Администрацијата на Бајден побара од Гренел информации за економскиот договор и неговите следни чекори, а Гренел ги достави. Ние сакаме да работиме на неговиот договор со поголемо учество на Европејците“, рече изворот.
Тој додаде дека новата администрација во Вашингтон смета дека договорот е непартиски и сака тој да се спроведе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This