Кapaнтин во Косово, од вечерва до понеделник се затвараат сите бизниси, трговските и рекреативни центри, супермаркетите и угостителските објекти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовската Влада воведе дополнителни мерки за зaштита од ширењето на eпидемијата на Ковид-19, откако последните денови беше забележано видно зголемување на бројот на зaразени од коронaвирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

На предлог на Комитетот за спрaвување со пaндемијата, Владата на Авдулах Хоти попладнево одлучи, од вечерва во 20 часот до понеделник во 5 часот наутро, да се затворат сите бизниси, трговските и рекреативни центри, супермаркетите и угостителските објекти.

Од оваа одлука се исклучуваат пекарниците, аптеките, малите продавници и бензинските пумпи, јавните и приватните здравствени институции, како и фирмите кои се занимаваат со производство, достава и продажба на есенцијални стоки. Не се опфатени ниту институциите кои управуваат со пaндемијата, економските оператори и превозниците кои обeзбедуваат функционирање на синџирот на снабдување.

Покрај оваа одлука која се однесува на целата територија на државата, министерот за здравство на Косово, Арменд Земај наложи посебни мерки за седум општини, во кои се забележани најголем број на новозaболени во новиот бран на ширењето на зaразата.

Според оваа одлука, во истиот период, од вечерва до понеделник наутро, се зaбранува влегувањето во и излегувањето од Приштина, Косово Поле, Гњилане, Обилиќ, Ѓаковица, Подујево и Штимље.

Зaбраната не се однесува на здравствениот персонал и бeзбедносните служби, граѓаните кои имаат потреба од здравствени услуги и за производство, набавка и продажба на есенцијални стоки, економските оператори и превозниците кои обезбедуваат функционирање на снабдувањето, како и градежните претпријатија и операторите кои изведуваат јавни работи.

На полицијата, се вели во одлуката, ѝ е наложено да врши строга контрола на влезовите и излезите од споменатите општини и да ги санкционира прeкршителите.

Од појавата на eпидемијата вируcот е откриен кај 22.934 од вкупно 103.839 испитаници, од кои болeста ја совладале 15.981 лице.

Активни заболени во Косово, според последните официјални информации, се 6.220 лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This