Кoj e интepecoт нa Филипче штo oвoзмoжи пpивaтнитe бoлници дa ce бoгaтaт нa гpбoт нa пaциeнтитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Црните рекорди на Филипче продолжуваат.

Секој ден четирицифрена бројка на новозаразени со корона според статистиката на министерството за здравство. Вкупната бројка на заразени се движи кон 45 илјади, а неспособниот Филипче предвидуваше дека ќе биде две илјади.

Во последното деноноќие уште 25 семејства завиени во црно, а од почетокот на пандемијата 1263 починати лица.

Неспособниот Филипче ги фрла граѓаните во секојдневна голгота.
Нема соодветна терапија за сите, истата се добива во приватните болници, пациентите умираат на пат до болница, по ходници на клиниките.

Прашуваме кој е интересот на Филипче што овозможи приватните болници да се богатат на грбот на пациентите додека државното здравство колабира.
Медицинските лица се целосно незаштитени.

Филипче девет месеци од короната кризата ги остава без соодветна лична заштита, па така од почетокот на пандемијата 1527 медицински лица, а починаа 13.

Време е за одговорност!
Затоа Филипче оставка веднаш! – Стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This