Лавров: Лекарите во Берлин не пронајдоа oтpoв во телото на Навални

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека лекарите на клиниката „Шарите“ во Берлин, каде што бил лекуван рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, не откриле отровна супстанција во неговата анализа, како ни руските доктори во Омск.

Лавров рече дека е пронајден само во лабораторијата во Бундесверот, пренесува ТАСС.

Тој исто така истакна дека Русија е заинтересирана да ја утврди целосната вистина за случајот Навални.

Навални беше итно пренесен во болница во сибирскиот град Омск на 20 август, откако му се слоши на летот од Томск за Москва. Тој падна во кома, а неговите приврзаници тврдеа дека е отруен.

На 22 август, Навални бил префрлен на Клиниката „Шарите“ во Берлин. Берлин тврди дека бил отруен од нервниот агенс новичок, а Москва категорично го отфрла тоа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This