Лавров: САД се поканети на разговорите за Сирија во Астана

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД се поканети на претстојните разговори за сирискиот конфликт во казахстанскиот главен град Астана, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

101491061-99403

Разговорите во Астана ќе се одржат кон крајот на месецов.

Лавров и пред два дена изјави дека е правилно американската страна да се покани на средбата посветена за Сирија.

Тој смета дека на таков начин Москва настојува да го консолидира режимот за прекин на огнот и придонесува во процесот за наоѓање политичко решение.

– Подготвуваме состанок во Астана во формат Русија-Турција-Иран. Сметаме дека е правилно на оваа средба да бидат поканети и претставници на ОН и на новата американска администрација, истакна Лавров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This