Ласовска: 3aкoнcкoтo peшeниe зa нeдeлa дa бидe нepaбoтeн дeн e чиcт пoпyлизaм, a нe peaлeн зakoн зa пoддpшкa нa paбoтницитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание во емисија “Топ тема” гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска која се осврна на законот за недела да биде неработен ден, како и за останатите владини политики кои секојдневно се рефлектираат на животот на граѓаните. 

Ласовска потенцираше дека законот за недела да биде неработен ден е еден популистички закон со кој власта сака да ги избегне посериозните теми кои во овој момент се од круцијална важност. Во моменти на пандемија во која што Македонија забележа поразителни бројки на заболени и починати, во моменти кога во Република Македонија има над 50.000 невработени како резултат на пандемијата, власта турка закон за недела да биде неработен ден, додаде Ласовска.

Според Ласовска, ова законско решение нема да опфати над 30 стопански гранки, односно тие нема да видат никаков бенефит од законот, иако за воља на вистината законот е во ред и голем дел од работниците во Република Македонија заслужуваат еден неработен ден во седмицата. Но, Владата нека се фокусира на важните работи кои во овој момент мора да се менаџираат многу подобро, бидејќи државата се соочува со огромна економска и здравствена криза, вели Ласовска.

“Додека сите останати соседни земји веќе имаат одреден број на вакцини кои што ги набавиле за граѓаните, Владата на Република Македонија моли за милостина и манипулира со граѓаните дека вакцините штотуку не стигнале. Додека во фирмите низ државата се случува работници да примат плата од цели 2 денари, а инспекциите тоа да не го забележат, власта вели дека ќе обезбеди неработен ден за работниците. Е тоа се дволичните игри на власта, која што цели 5 години од ден во ден само лаже и купува ден повеќе на политичката сцена”, истакна Ласовска.

Одредени стопански гранки веќе реагираат за ова законско решение и велат дека ваквиот закон не треба да биде само од полза на одредена категорија на работници, туку на сите. За жал според нив, овој закон не е идеален и нема да помогне на сите работници, напротив ќе придонесе за нови кратења од работните ангажмани на голем број работници, заврши Ласовска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This